spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Почести патроли, семафори кај Антико и најава за Вело патроли

Карпош: Почести патроли, семафори кај Антико и најава за Вело патроли

Општина Карпош продолжува со континуинираната поддршка на Полициската станица (ПС) Карпош. Локалната самоуправа, на ПС Карпош и додели две моторни возила – мопеди, а во изминатиот период беше доделено и едно возило – автомобил.

Основната цел е полициските службеници да бидат помобилни и поприсутни на терен, по сите населби. Тоа значи поефикасно да реагираат на пријавите на граѓаните, кога станува збор за нарушување на јавниот ред и мир, при уништувањето на урбаната опрема или во случај на несовесно одложување на отпадот, загадување, палење на ѓубре и сл.

 

Во посета на ПС Карпош беше министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Посетата започна со работна средба со градоначалникот Стефан Богоев, командирот Владо Симјановски и претседателката на Советот на Општина Карпош, Наташа Пеливанова.

 

На средбата се разговараше за актуелни случувања поврзани со локалната безбедност. Градоначалникот Богоев ја истакна потребата од почести патроли на сообраќајната полиција по булеварите и сервисните улици, за да се сузбијат „трките“ со мотори кои се актуелни во овој период од годината.

 

  • Исто така, ги споделив барањата на граѓаните од Карпош 4 и Тафталиџе 2 за поставување на семафор на булеварот „Партизански одреди“ (кај трговскиот центар „Антико“). Тука, несовесни возачи развиваат голема брзина и се случија сообраќајни несреќи со смртни последици, изјави пред медиумите градоначалникот Богоев, по завршување на средбата.

 

Министерот Спасовски посочи дека Карпош е општина која на дело покажува што значи меѓуинституционална соработка и поддршка.

Во 2017 година, пополнетоста со полициски службеници на полициските станици во Скопје изнесувала 38 отсто, а во 2020 истата е 52 %.

 

  • Сепак, постојано работиме на зајакнување на капацитетите и ресурсите на полициските станици. Разговаравме и за воведување на велосипедски патроли, кои дополнително ќе ја зголемат безбедноста низ населбите, рече министерот Спасовски.

 

 

Присутните во работниот дел се осврнаа и на активностите во тек на пандемијата. Локалната самоуправа во соработка со ПС Карпош подготвуваше дозволи за движење во текот на изминатата година, а соработката придонесе поорганизирано да се одвива локалното живеење во екот на КОВИД – 19.

Извор: Општина Карпош 

 

Прочитајте

ДЗС: Основни и средни училишта на крајот на учебната 2022/2023 година

0
Според податоците на Државниот завод за статистика, на крајот на учебната 2022/2023 година, бројот на ученицитево редовните основни училишта изнесува 182 245, што претставува...