spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Најтранспарентна општина

Карпош: Најтранспарентна општина

Општина Карпош и Министерството за одбрана се двете институции во државата кои имаат максимални 100 проценти за транспаретност, односно ги објавуваат сите предвидени информации, според Индексот на активна транспаретност што го изработува Центарот за граѓански комуникации.

Ова го објави Центарот за граѓански комуникации за активната транспарентност која годинава е претставена на специјално изработената веб-страница www.aktivnatransparentnost.mk со преглед на сите опфатени институции, но и на индивидуалните резултати за секоја институција од 2016 годинава наваму.

Според  наодот на Центарот за граѓански комуникации, активната транспарентност на Општина Карпош во 2021 година изнесува максимално можни 100 % (од можни 100 %), со што општината се наоѓа во групата институции со „многу добра“ активна транспарентност (исполнување на обврските од 80 % до 100 %). Со овие бодови, општината се наоѓа на највисоката позиција од вкупно 98 рангирани институции. Оваа општина од Скопскиот Регион постојано ја унапредува својата активна транспарентност од 2018 година наваму за годинава да стане најдобра и во својот регион и меѓу сите општини. Инаку, според деталните податоци на Центарот, во текот на испитаниот период транспарентноста на Карпош е зголемена за 45,5 насто.

 

Индексот на активна транспарентност се реализира во рамки на активноста „Јавно трошење за јавно добро“, поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Целта е да се зголеми ефективноста на јавното трошење преку намалување на корупцијата и зголемување на транспарентноста.

Извор: Општина Карпош 

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...