HomeОпштиниГази Баба: Општината има балкански првак во карате

Гази Баба: Општината има балкански првак во карате

Денес градоначалникот Бобан Стефковски оствари средба со Јован и Ева, млади каратисти од општина Гази Баба кои на балканското првенство во карате освоија прво и трето место.

Јован Врклевски е балкански првак во карате со освоен златен медал во категорија борба до 45 килограми. Тој за време на првенството ги победил натпреварувачите од Словенија, Србија и Хрватска.

Ева Јовановска има бронзен медал и трето место во карате, категорија женски борби до 40 килограми.

Градоначалникот Стефковски за постигнатиот меѓународен спортски успех ќе им додели еднократна парична награда.

Извор: Општина Гази Баба

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте