spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Поставени два препумпни уреди на фекална канализација во Миладиновци

Илинден: Поставени два препумпни уреди на фекална канализација во Миладиновци

На колекторскиот систем во населеното место Миладиновци деновиве се поставени два препумпни уреди, а досега се изградени 1200 метри канализациона линија.  Со поставувањето на препумпните уреди ќе се постигне одведување на фекалните отпадни води кон веќе изградената пречистителна станица со капацитет од 1250 еквивалент жители.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денеска направи увид во работните активности во населеното место Миладиновци, и истакна дека со реализацијата на овој проект ќе се придонесе за подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните во Миладиновци, како и подобрување на заштитата на животната средина.

Прочитајте

МЖСПП: Меџити дел од 22-от министерски совет на Енергетската заедница

0
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити учествува на 22от Министерски совет на Енергетската заедница, што...