spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаМакедонскиот јазик мора да биде чист во преговарачката рамка

Македонскиот јазик мора да биде чист во преговарачката рамка

Премиерот Димитар Ковачевски, во врска со францускиот предлог одговарајќи на новинарско прашање рече дека искусни експерти и дипломати од Министерството за надворешни работи прават анализа на предлог документи согласно своите надлежности, пристап на информации, меѓутоа нема да го коментираме и нема да биде предмет нормално на дискусија затоа што се уште не е предлог кој е усогласен од сите 26 земји членки на ЕУ. Вклучително и Франција.

„Ние го следиме развојот на настаните во Р. Бугарија и доколку таму овој предлог биде усвоен и кога ќе биде усвоен и кога ќе биде доставен до Република Северна Македонија официјално тогаш ќе биде тој предмет на анализа во детали и споделен со институциите во државата согласно со нашите одредби во законското уредување”, изјави Ковачевски.

Премиерот во однос прашањето за македонскиот јазик во преговорите истакна дека македонскиот јазик мора да биде чист македонски јазик во преговарачката рамка.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Иуте ја проширува понудата на платежни услуги, лиценцирајќи институција за електронски...

0
Естонската групација Иуте, под чијашто капа работи Иуте Македонија, го проширува својот обем на делување во делот на платежните услуги и издавањето на електронски пари,...