spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерства„Виртуози по музика на пијанофорте“ и Меѓународен, традиционален натпревар на млади талентирани...

„Виртуози по музика на пијанофорте“ и Меѓународен, традиционален натпревар на млади талентирани пијанисти во Усти над Лабем

Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија соопштува дека Гувернерот на Усти регионот, г. Јан Шилер, во име на „Виртуози – Меѓународниот клавирски натпревар“ во Усти над Лабем, упати покана за учество на 55-тиот годишен меѓународен натпревар по пијано, што ќе се одржи оваа година 23-25 ноември во Усти над Лабем, Чехија. Се работи за натпревар за ученици во четири категории и тоа: I. категорија до 9 години, II. категорија на возраст од 10 до 11 години, III. категорија на возраст од 12 и 13 години IV. категорија се натпреваруваат на возраст од 14 до 15 години.

Организатор на овогодишниот 55-ти годишен меѓународен натпревар со наслов „Виртуози по музика на пијанофорте“ е основното уметничко училиште „Ева Рандова“ од Усти над Лабем, во соработка со градот и регионот Усти над Лабем, а традиционално се одржува од 1968 година, кога група ентузијасти од Клубот на пријатели на музиката и наставници на тогашната Народна школа за уметност во Усти над Лабем, организираат натпревар за млади пијанисти на возраст под шеснаесет години.

Покрај Усти регионот и градот Усти над Лабем, исто така овој меѓународен натпревар е поддржан и од чешките институции и тоа: Министерството за култура, Државниот фонд за култура и Министерството за образование, млади и спорт. Условите и повеќе информации за конкурсот се објавени на официјалната интернет страница: www.virtuosiipc.com , а пријавувањето е до 25.09.2022 година.

 

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

Иуте ја проширува понудата на платежни услуги, лиценцирајќи институција за електронски...

0
Естонската групација Иуте, под чијашто капа работи Иуте Македонија, го проширува својот обем на делување во делот на платежните услуги и издавањето на електронски пари,...