На средбата што ја оствари градоначалникот г-дин. Беџети со ректорот проф. д-р Аце Миленковски и други претставници од УТМШ потпиша меморандум за соработка со кој се договорија да ја развиват соработката во повеќе области, меѓу кои:
• Партнерство во примена на проекти кои се од заеднички интерес,
• Pеализација на пракса за студенти,
• Организирање настани од заеднички интерес,
• Подобрување на капацитетите на вработените во општината преку спроведување обуки, работилници и семинари,
• Поддршка на експерти од Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје во областа на изградба и креирање на атрактивни туристички брендови на ниво на Комуна Сарај,
• Воспоставување соработка со општините и градовите со кои едната страна веќе соработува,
•Доделување на петнаесет стипендии за запишување на студии до дипломирање во учебната 2022/2023 година на располагање на општина Сарај.
Извор: Општина Сарај