На средбата што ја остваривме со претседателот на организацијата, г-дин. Јасмин Реџепи и кординаторот на проектите г-ѓа Нермине Хамиди разговаравме за проектите и активностите на организацијата кои главно се насочени кон хуманитарна помош и подигање на свеста за давање на потребната помош.
ЛЕГИС е непрофитна хуманитарна организација на граѓанското општество која ја обезбедува потребната хуманитарна и правна помош на бегалци, баратели на азил, ВРЛ, нерегуларни и притворени мигранти и луѓе на кои им е потребна. Легис, исто така, учествуваше и водеше многу кампањи, проекти за собирање финансиски средства и волонтерски активности за човечката заедница и на локално и на глобално ниво.
Со потпишувањето на овој меморандум, општина Сарај во законските рамки ќе обезбеди поддршка за реализација на заеднички хуманитарни активности и други проекти од областа на младите, образованието и културата на територијата на општина Сарај.
Извор: Општина Сарај