За сите граѓани и целата јавност – Во Македонија официјално во Јавните установи (Образование, Култура, Труд и социјална политика, Животна средина, Здравство, Правда и Информатичко општество) вработени се 67.534 лица видно од Извештајот од Регистарот на вработени во јавниот сектор за 2020 година.
Во Македонија во Јавните претпријатија (Транспорт, Комунални работи, Земјоделие, Шумарство, Информатичко општество, Информирање и Друга дејност од Јавен интерес) официјално се вработени 17.721 лица видно од Извештајот од Регистарот на вработени во јавниот сектор за 2020 година.
Ако за овие вработени во Јавниот сектор има К-15 за 2021 година од најмалку 9.000 денари, тогаш ќе се одвојат само 12.800.000 евра од Буџетот на Македонија кој за 2021 година изнесува над 4 милијарди евра.
Извор: Javnaadministracija.mk