Вчера во просториите на општина Гази Баба ги доделивме грантовите за финансирање на студенти иноватори.Целта на овој проект е поттикнување на студентите слободно да размислуваат и да наоѓаат креативни решенија за проблемите и прашањата со кои се соочуваат.
Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски се обрати пред присутните, ги охрабри и поттикна студентите да бидат иновативни и креативни, а поддршката на општината ќе ја имаат и во иднина во реализација на нивните проекти.
Извор: Општина Гази Баба