spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваНуредини: Заштеда во енергија и во финансии може да се постигне со...

Нуредини: Заштеда во енергија и во финансии може да се постигне со подобрување на енергетската ефикасност на постоечките пречистителни станици

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини оствари работна средба со Дејвид Тајлер директор во Одборот на директори и специјалист во секторот вода и третман на отпадни води во Европската банка за обнова и развој.

 

На средбата се разговараше за соработката во делот на водоснабдување и третман на отпадни води при што посебен акцент беше ставен на подобрување на енергетската ефикасност на постоечките пречистителни станици во државата. Имајќи предвид дека овие инсталации се енергетски интензивни, на средбата беше презентирана анализа на енергетски решенија за намалување на оперативните трошоци и карактеристики на 13 пречистителни станици за отпадни води во Северна Македонија изработена од страна на стручниот тим на ЕБОР. Анализата на трошоци за унапредување на постоечките системи е направена за секоја од пречистителни станици поединечно.

Со ваква инвестиција би се постигнала заштеда на енергија и ресурси ,би се придонело кон развивање на зелена економија и заштита на животната средина, а би им се помогнало и на локалните самоуправи преку намалување на трошоците за прочистување на отпадните води.

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте