spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: „Развивање и имплементација на здравствен индекс за загадување на воздухот во...

МЖСПП: „Развивање и имплементација на здравствен индекс за загадување на воздухот во прекуграничниот регион”

Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска вчера во Битола, учествуваше во завршната конференција на проектот „Развивање и имплементација на здравствен индекс за загадување на воздухот во прекуграничниот регион“, чија цел е да го подобри управувањето и заштитата на прекуграничната област во Р.С. Македонија и Р. Грција преку воспоставување мрежи за следење на квалитетот на воздухот.

 

На настанот беа презентирани резултатите од проектот и неговото влијание во прекуграничната област, а беа претставени и планот за квалитетот на воздухот за Општина Битола, резултатите од студијата за пропорционирање на загадувачите на воздухот во градот Битола, инвентарот на емисии на загадувачките супстанци во воздухот за Југоисточниот плански регион, и здравствениот индекс.

– Ми причинува особено задоволство што еден од резултатите на проектот е подготовка на нов План за квалитетот на амбиентниот воздух за општина Битола за период 2022-2026 година. Овој документ содржи мерки за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух и претставува добар пример за изработка на вакви планови од страна на останатите општини во земјата – истакна во своето воведно обраќање заменик министерката Оџаклиеска.

 

Проектот го спроведуваше Центарот за климатски промени, во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за локална самоуправа, а е поддржан и ко-финансиран од Европската Унија и Национални фондови на земјите учеснички во ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција – Република Северна Македонија 2014-2020г.

 

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

Мицкоски: Историска голема исплата за субвенции за земјоделците е направена, како...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, за колку пари станува збор и колку луѓе се опфатени...