spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСиндикати31 години од формирањето на УПОЗ

31 години од формирањето на УПОЗ

На вчерашен ден пред 31 година е формиран Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани  на РМ (Синдикат на УПОЗ). Од далечната 1991 година тој започна да дејствува како самостојна и независна организација на вработените во органите на државната управа, правосудните органи и финансиските организации.

До 1991 година тој дејствуваше во рамките на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Но промените во општествено-економските односи ја наметнаа потребата од реформи и приспособување на новите услови.

За да одговори на новото време и новите предизвици, тој се реформира и конституира во современа, модерна работничка организација, со нов начин на организирање и нови методи на дејствување. Целта на реформите беше да се покаже дека во нашата држава работниците мораат да бидат клучни фактори и секогаш да бидат вклучени во предлагањето  и носењето на сите законски решенија и економско-социјални политики кои се однесуваат на нивниот статус.

 

Во изминатиот период приоритет беше потребата од осовременување и изградба на Синдикатот на УПОЗ во силна и моќна работничка организација, самостојна и независна, масовна, солидарна, автономна во однос на власта и политичките партии. Неминовни беа и се направија промени и во организациска смисла и во начинот, методите и принципите на дејствување. Така структуриран и организиран, Синдикатот на УПОЗ го обедини членството – вработените во управата, правосудните органи и здруженија на граѓани, за подобрување и заштита на нивните права и интереси гарантирани со Уставот, законите и колективните договори. Синдикатот на УПОЗ се изгради како модерна демократска работничка организација која во остварувањето на своите цели и задачи ги користи сите легитимни демократски средства, преферирајќи го социјалниот дијалог и мирното спогодбено решавање на настанатите спорови од работниот однос на своето членство. Но го користи и правото на штрајк како последно средство на синдикалната борба.

Така, во изминатите 31 година, Синдикатот на УПОЗ израсна во современа и модерна организација и вистински претставник и заштитник на правата на неговите членови.

Во три мандати, согласно Законот за работни односи, Синдикатот на УПОЗ добива Решение за репрезентативност со што му се овозможува да ги претставува и застапува вработените и да потпишува колективни договори.

На 6 февруари 2020 година Синдикатот на УПОЗ со Министерството за информатичко општество и администрација потпишаа Колективен договор кој сеуште е во сила. Од тогаш до денес се потпишаа скоро 50 колективни договори на ниво на работодавач со кои значително се унапредени правата на вработените.

Синдикалната борба е вековна и не застанува. Затоа, Синдикатот на УПОЗ и во наредниот период ќе биде уште поцврст, помобилизиран и поединствен во остварувањето на своите определби. И најважно од се, од формирањето до денес тој остана препознатливо име во синдикалниот живот и независен од државните органи, работодавачите и пред се од влијанието на политичките партии.

Нека ни е честит и овој 31-ви роденден и нека биде вековит а Синдикатот на УПОЗ, како и до сега, доследен и неприкосновен во остварувањето на правата од работен однос на своите членови.

 

 

 

 

Извор: УПОЗ

Прочитајте

МЕТ: Дурмиши – Исплатена финансиска поддршка на организации на потрошувачи, фондации,...

0
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска додели финансиски средства на организациите на потрошувачи за спроведување на Програмата за заштита на потрошувачите, Програмата...