spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаГенералниот секретар на Владата Димовски прими претставници на националните радија - „Радио...

Генералниот секретар на Владата Димовски прими претставници на националните радија – „Радио Канал 77“ и „Метрополис Радио“

Генералниот секретар на Владата на Република Северна Македонија Методија Димовски, денеска  прими претставници на две национални радија, „Радио Канал 77“ и  „Метрополис Радио“, кои во име на националните радио станици во земјата побараа изнаоѓање начин за да им се помогне финансиски да ја совладаат кризата во која се наоѓаат заради високите сметки за струја, која радиостаниците ја плаќаат кон ЈП „Национална радиодифузија“ за користење на предавателниот систем.

На средбата, беше пренесен ставот дека националните радија, бараат финансиска помош од Владата, како што веќе минатата година добија националните телевизии, од пакетите Владини мерки, односно им беше платен надоместот за мултиплекс.

Во оваа насока, беше додадено дека радио станиците се дополнително оштетени, бидејќи Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), нема постапено по Владината уредба за ослободување на радијата од надомест за користење радиофреквенции за 2020, која беше донесена како една од антикризните мерки за борба против последиците од пандемијата на КОВИД-19.

Генералниот секретар Димовски истакна дека дополнително ќе се информира за предлозите на претставниците на националните радио станици и дека е отворен за понатамошни разговори со цел изнаоѓање поволно решение, притоа подвлекувајќи дека поддршката на медиумите е од голема важност заради заложбите за транспарентност, демократските процеси и јавниот интерес.

 

 

Извор: Влада

Прочитајте