spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаМаричиќ: Австралија го поддржува напредокот на Северна Македонија кон ЕУ

Маричиќ: Австралија го поддржува напредокот на Северна Македонија кон ЕУ

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ оствари средба со амбасадорот на Австралија, со седиште во Белград, Даниел Џосеф Емери, на која разговараа на повеќе актуелни политички теми од земјава, од регионот, како и влијанието на војната во Украина на безбедносната состојба.

– И Австралија дава поддршка за напредокот на Северна Македонија, а Емери изрази искрена желба нашата земја да напредува кон Европската Унија со очекување дека францускиот предлог ќе биде прифатен и конечно ќе го официјализираме процесот на евроинтеграција, истакна вицепремиерот Маричиќ на средбата.

Вицепремиерот Маричиќ заедно со амбасадорот Емери изразија подговтвеност за интензивирање на билатералните контакти и комуникацијата помеѓу двете земји, со цел да се даде поттик за соработка на различни полиња, со акцент на зајакнување на економските односи.

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...