„Кога прв пат протече првата верзија на францускиот предлог, која не е скоро воопшто различна од следната верзија, која сега пробугарската власт ја слави, МНР на Бујар Османи и Владата на Димитар Ковачевски одбија да ја коментираат содржината. Разликите во двете верзии на предлогот се семантички, но, индикативни. За пример, во првиот се вели дека при преведувањето на акумулативната легислатива на ЕУ ќе се земат во предвид унилатералните декларации за македонскиот јазик владите на РМ и РБ, во вториот предлог се вели дека унилатералните декларации се веќе доставени до ЕУ.
Ова значи, дека и бугарската власт и нејзината формуалција ќе се земе во предивд, иако македонскиот јазик веќе беше признаен во ООН.Линијата на комуникација преку дипломатски канали помеѓу официјална Софија и официјално Скопје била активна, како преку медијација на Париз, така и преку директна комуникација. Нашиот државен врв е целосно нетранспарентен во текот на процесот.
СДС има тенденција кон недемократичност, веќе на еден референдум ја нема испочитувано вољата на народот. На референдум со излезеност од 36 отсто, со манипулативна формулација на прашањето кое прашуваше и за тоа дали сме за влез во ЕУ – иако сега Преспанскиот договор можеме да го закачиме околу врат во сегашната ситуација, а влегува во преговарачката рамка.
Со „францускиот предлог“ според последните анкети не се согласува 75 отсто од населението. Што би рекол македонскиот народ на референдум за „францускиот предлог“? Тој не би успеал, а недемократската СДС не би го земала во предвид незадоволството на народот, и тоа го имаме како искуство од претходно.
Претседателот Стево Пендаровски на 16-ти јуни изјави дека од Брисел и Софија треба да добиеме писмени гаранции дека „евентуалното“ отварање на македонскиот Устав, ќе биде последно барање на Бугарија и таа нема да наметнува нови услови и да го кочи понатамошниот процес!
На 3-ти јули, Пендаровски се демантираше себеси и ги ослови „гаранциите“ како небулозни и додаде дека такви гаранции не постоеле во историјата на ЕУ интеграциите. Самиот „францускиот предлог“ е преседан.
За македонската јавност добропознатиот поранешен претставник на Европската унија и шеф на Делегацијата на Европската комисија во Македонија, Ерван Фуере, предлогот е преседан по својата опасност и можна погубност за Македонија. Тој има замерки кон ЕУ и ЕК за пристрасност кон својата членка Бугарија, кој тој вели дека и се дозволува да се однесува како колонијална сила кон Македонија, наметнувајќи своја верзија на историјата и своја интерпретација за сегашната актуелност на македонските државни сочинители – дури да ни ги ревидира учебниците.
Првата напомена на Ерван Фуере, е тоа што Македонија треба повторно да го промени својот Устав, и тоа пред да започнат преговорите за членство во ЕУ – тоа е преседан. Преседан е, билатерални спорови да бидат дел од преговарачката рамка. Сите тие што велат дека бугарските барања вака се маневрираат, грешат, тие стануваат дел од преговарачката рамка и нивниот успех ќе го одреди понатамошниот тек на преговорите.
Преседан е новата методологија, која за прв пат им дозволува на земји-членки на ЕУ да вложуваат вето на веќе затворени поглавја – Бугарија може да не блокира до недоглед. Преседан е тоа што за нас ќе биде јазикот македонски, а за Бугарија западнобугарски дијалект…
…сега сме низ цел свет северномакедонци, и ако се случува тоа на Претседател на земја каква што е Франција, тоа значи дека таквата формулација е веќе раширена. Вие сте пратеник, заштитете го македонскиот идентитет, повикајте се на сопствените чувства а не на пробугарската оркестрација. Имавте дискусија со 10 НВО претставници без да се преведе било што. Со кого сте транспарентни, со јавноста која не разбира дипломатски јазик?…
…во моментот имаме нелегитимна Влада, која е поставена на мнозинство кое се прекрои со киднапирање на пратеник и не можеме да очекуваме било што, бидејќи пробугарската власт е спремна на се’ за да го задржи мнозинството – колку што предвидува легалистичката рамка, бидејќи легитимитетот е одамна исфрлен низ прозор.
Пред Собрание ќе има многу притисок од народот кој ќе се појави во многу голем број, бидејќи луѓе веќе вечерта претходно ќе кампуваат таму. На крај, можеби ќе проработи моралниот кодекс на некои пратеници од владејачкото мнозинство кои нема да сакаат да бидат на погрешната страна на историјата. Кои нема да дозволат рехабилитација на фашистички апетити и антифашистичките постулати да бидат погазени. Ние сме победници во Втората светска војна, знаеме против кого сме победиле и повторно да победиме.“