spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКрушево: Известување за сите даночни обврзници

Крушево: Известување за сите даночни обврзници

Почитувани,

Општина Крушево во неколку наврати испраќаше опомени и се трудеше без примена на законските мерки за присилна наплата да ги прибере предвидените средства од данокот на имот. Тоа вроди со плод, но не целосно.

Со цел да се обезбеди стопроцентна наплата на данокот на имот општина Крушево започнува со примена на законски предвидените мерки за наплата на побарувањата од физички и правни лица, односно присилна наплата.

Средствата од данок на имот се еден од само неколку извори на финансирање на општината и затоа е многу важно истите целосно да бидат наплатени за локалната самоуправа да може да инвестира во нови проекти, кои се во корист на граѓаните.

Апелираме на навремено подмирување на давачките на граѓаните и фирмите.

Со почит,
општина Крушево.

 

 

 

 

Извор: Општина Крушево

Прочитајте