spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииРаботниот викенд на СДММ, караванот „Млади локално заедно“ со младите од Брвеница...

Работниот викенд на СДММ, караванот „Млади локално заедно“ со младите од Брвеница и Тетово

Отвореноста и транспарентноста на СДММ кон младите има за цел ние како младина да настапиме со своја програма во рамките на генералната за претстојните локални избори. Ова е одлична шанса да го направиме чекорот кон подобро утре за младиот човек во нашата земја. Сега е времето кога, заеднички, со здружен труд, ќе им направиме пат на нашите идеи и ќе ги прицрвстиме веќе поставените темели на здрава и просперитетна иднина за младите.

 

Законот за млади и воведувањето на пракса за младински соработник во секоја општина и државна институција е одлично поместување од таа „мртва точка„ кое ја докажува нашата решителност во тоа дека можеме и мораме подобро. Во тој процес на враќање на довербата во институциите, младите сега имаме по еден човек во секоја институција, чија обврска е да биде на располагање на секој еден од нас, за сите проблеми и решенија со кои се среќаваме, истакна претседателот Марко Михаилоски.

 

СДСМ безрезервно стои зад својата младина и работи на подобрување на условите и можностите кои државата ги нуди за младите луѓе.

 

Партијата одговорно стои зад она што го прави за младите и порачува дека заложбите за нив ќе продолжат и во иднина.

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...