Со партнерите од Ново Брдо-Косово во истоименото населено место беше презентиран проектот кој е од големо значење за двете општини, а се однесува на изградба на колектор и станицата за третман на отпадните води во с.Орман.
Ова е најзначајна инфраструктурна инвестиција финансирана од овој прекуграничен проект со кој се воведува комплетно нова услуга за жителите од селото.
Станува збор за капитален проект чие позитивно влијание е од регионална важност и значење.
-Во с.Орман истовремено се работат проекти кои имаат за цел урбанизирање на средината и конечно создавање услови за квалитетно секојдневие. Новата примарна и секундарна фекална канализациона мрежа во ова населено место во пакет со новиот колектор за прифаќање отпадни води се чекор напред во осовременување на постоечките услови за живеење на моите сограѓани – рече градоначалникот Александар Стојкоски.
Исклучиво додаде, преку партнерски пристап и взаемно вложување се решаваат регионални предизвици.
Слично како во општина Ѓорче Петров, во Ново Брдо се воведува нова услуга за организирано собирање и управување со цврст отпад преку набавка на опрема.
Проектот е финансиран од Програмата за прекугранична соработка IPA II 2017 & 2018 на Европската Унија преку Европска Комисија, а кофинансиран од Министерствата за локална самоуправа на Република Македонија и буџет на општина Ново Брдо.
Извор: Општина Ѓорче Петров