HomeОпштиниОхрид: Апел до мештаните и посетителите да го фрлаат отпадот на соодветно...

Охрид: Апел до мештаните и посетителите да го фрлаат отпадот на соодветно место

Општина Охрид упатува апел до мештаните и туристите во село Љубаништа во иднина да поводат поголема грижа за јавната чистота и повеќе да не го фрлаат комуналниот отпад на јавни површини и со тоа да прават диви мини депонии.

Отпадот да го фрлаат во контејнерите кои уредно се поставени на површина предвидена за таа намена, а чиј број периодов е зголемен од два на пет.

Во спротивно, доколку надлежните инспекциски служби и во иднина утврдат фрлање отпад на несоодветно место сторителите ќе бидат казнети согласно Законот.

Извор: Општина Охрид

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте