spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Министерот Алити на петтиот состанок на Управниот комитет на проектот ИПА...

МИОА: Министерот Алити на петтиот состанок на Управниот комитет на проектот ИПА 2017: Зајакнување на е-Влада!

На петтиот состанок на Управниот комитет на проектот ИПА 2017: Зајакнување на е-Влада, министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити ги поздрави присутните, честитајќи им за досегашната успешна работа со која се развиени околу 135 електронски услуги.

Притоа, истакна дека дигитализацијата на услугите, со цел да се олесни и подобри животот на граѓаните и бизнисите, е наша заложба како МИОА и на Владата на Република Северна Македонија.


Во таа смисла, министерот Алити потенцираше дека значајно е и проширувањето на опсегот на нови иновативни услуги и развојот на Регистарот на овластувања, со кој ќе може да се издаваат овластувања за услуги на трети лица.

Министерот повика за максимални напори и овој проект да биде висок приоритет, за да може успешно да се реализира.

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте

Битола: 23 години од загинувањето на бранителите кај Вејце

0
Битола денес со тага го споменува еден од најтешките настани од поновата македонска историја, кој во масакрот кај селото Вејце, во конфликтот во 2001...