spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииЛевицаЗошто институциите молчат за незаконското работење на Авто Кампот – Крани?

Зошто институциите молчат за незаконското работење на Авто Кампот – Крани?

После вчерашната објава за незаконското работење без лиценца, без елементарни услови во Авто Кампот – Крани во Преспа, до нас пристигнаа уште докази за тоа како на црно се печалат пари од узурпаторите на Авто Кампот.

Имено, фирмата Агроплод дооел во катастар на недвижнини е запишана како сопственик на дел од Авто Кампот ИЛ: 819, а додека Република Македонија е сопственик на земјиште, недвижен имот запишано во ИЛ. 549.

Агроплод дооел свесно знаејќи дека не е сопственик на целата површина на Авто Кампот Крани, направила Договор заверен на нотар со фирмата ДУТП Трпеновски од Битола за давање под концесија на Авто Кампот Крани.

ДУТП Трпеновски уште од 2015 година стопанисува со кампот и склучува договори за Услуги за кампување со камперите при што наплатува пари за истите.

Но, во Договорот за концесија што Агроплод дооел го прави со ДУТП Трпеновски во 2021 година во Членот 3 и 4, Агроплод јасно ПРИЗНАВА дека истиот е незаконски, дека Агроплод нема ги решено со државата имотно-правните работи, дека нема дозвола за вршење на дејност, и со Трпеновски се договараат дека во случај на иден спор или тужба од државата или друга странка взаемно да го решаваат проблемот.

Како што објавивме вчера, Авто Камп Крани, нема добиено од Министерство за економија лиценца за вршење на дејност давање на услуги за кампување, не е запишан како Авто камп во Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, не работи според Законот за Авто Кампови, ниту ги исполнува минималните технички услови за давање на угостителски и туристички услуги.

Заштитен од надлежните институции, Авто Камп Крани со години работи на црно, склучува договори со камперите на црно и истиот остварува незаконски профит.

Во прилог докази од Договорите.

 

 

 

Извор: ЛЕВИЦА

Прочитајте