Агенција за Млади и Спорт организираше прием за македонскиот талент во борење Омер Мемеди, кој на Европското Првенство У15 во борење слободен стил во Загреб, Хрватска успеа да се пласира на третото место и да освои бронзен медал.
На приемот организиран од директорот на АМС Наумче Мојсовски присуствуваа и целокупниот тим од Федерацијата за боречки спортови, вклучувајќи ги тренерите и селекторите.
Заклучокот од оваа средба беше дека во младински категории во моментов имаме навистина талентирани борачи, кои имаат потенцијал за освојување на одличја и во сениорски категории, а прва можност за проверка на квалитетот е престојното балканско првенство, кое е закажано за Октомври во Букурешт.
Извор: Агенција за млади и спорт