„Како Влада, но и како Министерство за економија, секојдневно сме во комуникација со сите претставници на енергетскиот сектор во нашата земја, се со цел да се креираат мерки кои ќе ја ублажат енергетската криза, не само во секторот домаќинства, туку и во дел од индустријата. Индустријата е многу важен дел во економијата имајќи ги во предвид бројот на вработени, буџетот и растот на економската активност. Наша вел е нашите компании да бидат уште поконкурентни на европскиот и на светските пазари со мерките, ” кажа министерот за економија Крешник
Бектеши, по средбата со претседателот на Македонската енергетска асоцијација (МЕА), Кочо Анѓушев, на која присуствуваа о претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, директорот на НЕР. АД Скопје, Бајрам Реџепи, директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, заменик министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи и други претставници.
На состанокот се дискутираше за можните мерки и чекори кои ќе ги превземе Владата за излез од енергетската криза.
Министерот Бектеши најави дека минатата недела Владата ги прифатила предлозите на Стопанската комора и тие биле разгледани од претставници на Владата и од сите институции вклучително и енергетските компании и Регулаторната комисија за енергетика.
Бектеши нагласи дека најголем дел од мерките се прифатени и веднаш ќе се спроведат.
„Минатата недела како Влада добивме писмени предлози од Стопанската комора, кои беа разгледани од претставници на Владата на сите институции, вклучително и енергетските компании, а беа разгледани и во Регулаторната комисија за енергетика. Најголем дел од мерките се прифатливи и ќе почнат да се спроведуваат веднаш, односно од почетокот на август кога ќе се прогласи состојба на енергетска криза, Владата ќе може да преземе соодветните одлуки за помош на стопанството” – изјави министерот Бектеши.
Исто така, министерот Бектеши поврори дека ЕСМ преку Министерството за финансии и Економија од ЕБРД обезбедила 100 милиони евра за зголемување на капацитетот на ЕСМ за јаглен, мазут и електрична енергија.
„Во делот на менаџирањето на ситуацијата и подготовки што се прават од страна на институциите ние веќе најавивме дека ЕСМ преку Министерство за Финанси и преку Економија веќе обезбедени 100 милиони евра од страна на ЕБРД, за да се зголеми виктноста на ЕСМ во делот на нававка за мазут, за јаглен но и електрична енергија. И тоа веќе донесено како одлука во управниот одбор на ЕБРД и за кратко ќе се потпишат договорот. 1,1 милиони тон беќе сее обезбеди за потреби на РЕК Битола 500 илјади тони за Осломеј, значи дека наши очекување се дека РЕК Битола од почеток на октомври ќе работи со трите блока, Осломеј ќе работи со целосен капацитет, имајќи предвид дела има само еден блок и веќе почна испораката на мазут од Грција за потреби на ТЕЦ Неготино, која ќе почна со работа првично со првиот котел, а меѓувреме ќе може да се стави функција и вториот котел, се со цел да можат да се снабдуват првично универзалниот снабдувач во овој случај ЕВН-Хоме за потребите и потрошувачка на домаќинствата и малите потрошувачи.„ рече министерот за економија Крешник Бектеши.
На крајот, министерот Бектеши ја повика опозицијата да помогне да се надмине кризата и постојано да не кочи бидејќи тоа не им служи на граѓаните.
Извор: Влада