spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Јавна расправа за Предлог-закон за Централен регистар на население

МИОА: Јавна расправа за Предлог-закон за Централен регистар на население

Министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити денеска учествуваше на јавна расправа за измени на Законот за Централен регистар на население.

Како што истакна министерот, благодарение на силните напори за дигитализирање на земјата, развој на информатичкото општество и зголемување на ефикасноста на јавната администрација, развојот на системот за Централен регистар на население е една од клучните реализирани активности од Стратегијата за реформи во јавната администрација 2018-2022 година.

,,Со формирањето на Системот за Централен регистар на население, граѓаните се информираат за податоците што ги имаат во институциите, кој пристапил до нив, кога и врз основа на кои законски прописи. Така што на овој начин ја поддржуваме дигитализацијата и истовремено активно бараме почитување на усвоените закони“, рече министерот Алити.

Тој додаде дека оваа дебата претставува можност за размена на идеи и предлози, согледување на гледиштата за евентуални промени кои ќе донесат подобрување на овој систем, па затоа ваквите дебати, кои се плодни во преземањето прогресивни чекори, ќе бидат почести.

Втората јавна расправа ќе се одржи на 29.08.2022 во Клубот на пратеници. Заинтересираните граѓански организации, институции и компании може да пријават учество на следните електронски адреси: marija.golabovska@mioa.gov.mk и slavica.davkovska@mioa.gov.mk.

 

 

Извор: Влада

Прочитајте