Заменик министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, г-ѓа Фатмире Исаки, на 27-ми Јули 2022 година ја прими Весна Ивановиќ- Кастаред шефот на канцеларијата UN Women во Република Северна Македонија.
Во разговорот, заемно беше констатирано високото ниво на соработка, ЗМНР Исаки заблагодари за поддршката што нашата земја генерално ја има од страна на Обединетите Нации и исто така ја реафирмираше посветеноста на Република Северна Македонија на натамошно јакнење на демократијата, заштитата на човековите права, доброто владеење и одржливиот развој во земјата, што соодвествува на заложбите на ОН и со аспирацијата на Република Северна Македонија за члество во ЕУ, како нејзин стратешки приоритет.
Дополнително, се разговараше за одржувањето на втората Конференција „Жените во надворешната политика“, која ќе се одржи на 13 и 14 Октомври 2022 г, во Скопје под покровителство на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, г-дин Димитар Ковачевски, каде домаќин на настанот е г-ѓа Фатмире Исаки, заменик – Министер за надворешни работи на Република Северна Македонија. Беше пренесено дека планираната Конференција како дводневен настан, ќе има неколку тематски панел дискусии кои ќе послужат како платформа за размена на гледишта за актуелни прашања поврзани со родовата еднаквост каде исто така ќе присуствуваат високи политички претставници, експерти и дипломати од регионот и пошироко, претставници на меѓународни организации, како и претставници на граѓанското општество.