Подигнување на свесноста и важноста за многу различни теми поврзани со доењето, е целта на глобалната кампања по повод Светската недела на доењето, што се одбележува од денеска до 7 август.
Мотото на Светската недела на доење, годинава, е „Заложи се за доење, едукација и поддршка“.
Доењето значително го подобрува здравјето и стапката на преживување и на мајките и на бебињата. Доењето може да спаси живот, да го подобри здравјето и да влијае на подобрување на социо-економската состојба на поединци и на цели народи.
Мајчиното млеко е неопходно за правилен раст, развој и здравје на бебето, а воедно е добро и за физичкото и психичкото здравје на мајката. Доењето е најздравата и единствена исхрана, која треба да ја прима новороденчето до едногодишна возраст покрај додатоците, што придонесува за здрава возрасна популација.
Извор: Министерство за здравство