spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииЛевицаПeјпaр Мил продолжува со работа по препорака на управата за животна средина...

Пeјпaр Мил продолжува со работа по препорака на управата за животна средина на чие чело е контроверзниот Хисен Џемаили

Според известувањето на страната на ДИЖС, иако фабриката “Пејпар Мил”, ги нема исполнето барањата според укажувањето на државниот инспекторат и од вчера повторно почнa со работа!

По којзнае кој пат фабриката добива грејс период од 60 дена даден по мислење на Управата за животна средина. Образложението за допуштањето „отровната“ фабрика да продолжи со работа е сосема неразбирлива и неаргументирана. Управата без аргументирани причини одобрува „Пејпер мил“ да продолжи со работа, бидејќи така им се сака на моќниците кои профитираат по цена на здравјето и животот на граѓаните!

За работите да бидат појасни, потсетуваме дека на чело на Управата се наоѓа контроверзниот Хисен Џемаили од ДУИ, во јавноста познат по повеќе афери, обвинет за еден од четирите хашки предмети, како и тоа што е еден од пратениците на кои им беше одземен имунитетот.

Како учесник во ОНА во војната од 2001 година, беше обвинет за Хашкиот предмет „Малтретирани градежни работници од Маврово“. Тогаш по Џемаили беше распишана потерница, бидејќи два месеца не се појавуваше ниту во Собранието ниту во суд, се додека Собранието во 2011 година го донесе Автентичното толкување на Законот за амнестија по што Хашките предмети беа затворени.

Минатата година Џемаили повторно беше во фокусот на јавноста, поради судир на интереси, бидејќи здружението “МОНТАИН АСОЦИАТИОН ЕАГЛЕ – Тетово“ во чија сопственичка структура учествувал, добило грант од Министерството за животна средина и просторно планирање под кое се наоѓа и Управата за животна средина, со која што тој управува!

По обелоденување на веста, неговото име беше избришано од Централниот регистар, но тој фигурирал таму на денот кога одлуката за доделување на средства е објавена во Службен весник (14. aприл 2021).

Крајно неодговорно е одлуките поврзани со животот и здравјето на населението да зависат од кадри како Џемаили и нивните валкани бизнис- интереси!

Левица, бидејќи веќе зема учество на протестите против овој загадаувач, во поддршката на напорите на жителите на Општина Кочани во борбата за чист воздух, останува постојана.

 

 

 

 

Извор: ЛЕВИЦА

Прочитајте

Велес: Награди за најдобрите ученици од основните и средните училишта

0
Општина Велес ги награди најдобрите ученици од основните и средните училишта во градот. За освоено прво, второ и трето место на државни, меѓународни и...