Министерот за правда Бојан Маричиќ на заедничка прес-конференција со претседателот на Здружението на судиите Џемали Саити, изјави дека е постигната согласност за зголемување на платите на судиите за 15 отсто.
-По повеќе години дебати со Здружението на судии дојдовме во фаза каде што постигнавме согласност и сериозен напредок во нашите разговори. Денес на нашата средба се договоривме дека има согласност од Владата и Здружението на судии за зголемување на платите на судиите во вкупен износ од 15%. Тоа зголемувањето ќе се одвиваат постепено, односно 10% оваа и 5% следната година, кажа Маричиќ.
Извор: Министерство за правда