spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниОхрид: Градоначалникот Пецаков оствари средба со градоначалничката на Општина Измит, Фатма Каплан...

Охрид: Градоначалникот Пецаков оствари средба со градоначалничката на Општина Измит, Фатма Каплан Хуриет

Протоколарна средба, оствари градоначалникот Кирил Пецаков со градоначалничката на Општина Измит, Република Турција, Фатма Каплан Хуриет.

На средбата беше потенцирана веќе добрата воспоставена соработка помеѓу Охрид и институциите и општините од Турција. Соговорниците разговараа за размена на искуства во областа на туризмот, но и за воспоставување соработка и во други области.

Договорено беше да се организира и возвратна посета на Измит од страна на делегација од Општина Охрид со цел унапредување на меѓусебната соработка.

 

 

Извор: Општина Охрид 

Прочитајте

МЗ: Осовременување на календарот за имунизација со деветвалентна ХПВ вакцина-Гардасил 9

0
Mинистерот за здравство д-р Илир Демири учествуваше на симпозиумот „Гардасил 9 – Една вакцина за сите“, кој нуди одлична можност за споделување сознанија од...