spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниАеродром: Мерки за заштеда на електрична енергија

Аеродром: Мерки за заштеда на електрична енергија

Во насока на заштеда на електрична енергија, а следејќи ги препораките, стручниот тим од Општина Аеродром кој работи на надминување на кризата со електрична енергија, од 1 септември носи пакет на мерки за штедење на електрична енергија.

Се работи за мерки со кои се очекува драстично намалување на потрошувачката на електрична енергија, со што значително ќе се придонесе кон полесно надминување на енергетската криза во Македонија и сериозниот удар кој таа го нанесе врз општинскиот буџет, и тоа:

– Престанок со работата на сите фонтани и исклучување на внатрешното и надворешно осветлување;

– Осветлувањето во парковите на територија на опшина Аеродром, ќе работат редуцирано, односно ќе светат преку една сијалица, а целосно ќе се гасат во 01.00 часот по полноќ;

– Уличното осветлување на сервисните улици со кое стопанисува општина Аеродром, ќе биде редуцирано, односно ќе свети преку една сијалица и ќе се гаси 2 часа порано, од вообичаеното;

– Рефлекторите на спортските игралишта престануваат со работа од 1 октомври.

Општина Аеродром со овие мерки става крај на неразумното трошење на електричната енергија и почнуваме со рационално управување на средствата. Истовремено ги информираме граѓаните дека и во услови на енергетска криза не престануваме со работа, туку интензивно ќе работиме на подобрување на условите за живот и работа за секој еден граѓанин и ќе ги реализираме ветените проекти.

 

 

 

 

Извор: Општина Аеродром 

Прочитајте

МЗ: Со новата Биолошка терапија, подобрен квалитетот на живот на пациентите...

0
-Чест ми е што со Здружението на лица со хемофилија, фон Вилебранд и ретки коагулопатии-ХЕМОЛОГ заеднички го одбележавме Светскиот ден на хемофилија. Во изминативе...