spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Известување

МНР: Известување

Согласно Акциониот план за 2021 год. за поднесување на барања за патни исправи преку ДКП-ата, беше предвидено, вториот циклус да се реализира во текот на месец Мај  2021 г.

Во овој контекст, известуваме дека во рамките на проектот за надградба на МКНИД системот и процесуирање на новиот софтвер од страна на германската компанија Веридос, во тек е постапка за надградба на мобилните станици, со кои, мобилните екипи го реализираат Акциониот план на Владата на РСМ за 2021 година. Поради наведеното, предвидените термини за Мај 2021 година, за поднесување на барања за пасоши преку ДКП-ата на РСМ во странство, се одложуваат за  месеците Септември/Октомври 2021 година.

Воедно, информираме дека Собранието на РСМ ги помина измените и дополнувањата на Законот за патни исправи на државјаните на РСМ со кој, важноста на пасошот, чиј рок на важење е истечен по 31.07.2021 г., се продолжува рокот до 31.12.2021 г.

Извор: Министерство за надворешни работи

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...