spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаСредба на Државната секретарка Халили со Заменик министерот за надворешни работи...

Средба на Државната секретарка Халили со Заменик министерот за надворешни работи на Грузија задолжен за европски прашања Јанјалиа

На 07.09.2022 година Државната секретарка Дрита Абдиу Халили оствари средба со Заменик министерот за надворешни работи на Грузија задолжен за европски прашања, Теимураз Јанјалиа. Средбата се одржа во Секретаријатот за европски прашања и на истата беше изразена силна воља и желба за продлабочување на билатералната соработка помеѓу двете држави на сите нивоа и во сите сфери, со особен фокус на евроинтегративниот процес.

ЗМНР Јанјалиа се осврна на аспирациите и досегашните достигнувања на Грузија во поглед на евроинтегративните процеси. Национална определба на Грузија е членство во ЕУ и НАТО и земјата е силно посветена на исполнување на 12те одредници определени од ЕУ како услов за доделување на кандидатски статус за членство во Унијата. Во периодот што следи Грузија ќе иницира блиска соработка со државите опд Западен Балкан во насока на размена на искуства и знаење во поглед на евроинтегративниот процес. Во таа насока е и посетата на Северна Македонија, а такви посети се реализирани во Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија.

Државната секретарка Абдиу Халили ги поздрави досегашните достигнувања на Грузија во приближувањето кон ЕУ, како и потврдената перспектива за станување членка на ЕУ од страна на ЕК и накратко се осврна на главните елементи од евроинтегративниот процес на Северна Македонија, предизвиците и искуството. Ја поздрави иницијативата за продлабочување на билатералната соработка и изрази подготвеност за нејзино интензивирање, конкретизирање и официјализирање преку потпишување на конкретни меморандуми за соработка. Истата потребно е да се одвива на сите нивоа, како и во сите сегменти и сектори од важност за евроинтеграциите.

Во периодот што претстои ќе се работи на идентификување и дефинирање конкретни модели и области на соработка преку кои администрацијата на Северна Македонија би можела да го пренесе своето искуство и знаење на колегите од Грузија.

 

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте