spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Работна средба Алити-Тунјан

МИОА: Работна средба Алити-Тунјан

Министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити одржа работна средба со Баграт Тунјан – тим лидер за стратешко планирање и развој на политики во СИГМА и менаџер во Северна Македонија, со кого се разговараше за актуелната состојба во однос на процесот на реорганизација на институциите.

 

На оваа средба се истакна континуираната поддршка на СИГМА во процесот на реформите во јавната администрација, како и во креирањето на новата Стратегија 2023-2030 година, што ќе овозможи создавање висока раководна служба, зголемен професионализам и ефикасност на администрацијата, како и подобрување на квалитетот на услугите за граѓаните.

Алити и Тунјан се согласија дека оваа Стратегија носи важна тежина во деполитизацијата на институциите и развојот на демократските стандарди и вредности, што ќе и овозможи на земјата да направи чекор напред на патот кон членство во ЕУ.

Договорено е ваквите состаноци да продолжат за да се утврдат следните чекори и да се евалуираат прелиминарните чекори во овој процес.

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...