spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Османи - домаќин на Работната група на Советот на ЕУ -КОЕЛА/...

МНР: Османи – домаќин на Работната група на Советот на ЕУ -КОЕЛА/ „Подготвени сме за силен интензитет на преговорите“

Министерот за надворешни работи Бујар Османи беше домаќин на претставниците на земјите членки на ЕУ во Советот на ЕУ надлежна за процесот на проширување и односите со земјите кои преговараат за членство – КОЕЛА (COELA), која се наоѓа во дводневна посета на Северна Македонија и одржува состаноци со институциите на државата и претставниците на граѓанскиот сектор.

Изразувајќи благодарност за поддршката на земјите членки и институциите на ЕУ за влегувањето во новата долгоочекувана фаза од процесот на преговори, министерот Османи ја истакна високата подготвеност на земјата за успешен и брз преговарачки процес, особено со оглед дека државата веќе долго време се усогласува со законодавството на ЕУ и има завидни 45% усогласеност со законодавството на ЕУ уште пред стартот на преговорите, како и 100% усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ. Подвлече дека 100% усогласеност на земјата со ЕУ декларациите и рестриктивните мерки се доказ дека Северна Македонија е доверлив партнер на ЕУ во ова предизвикувачко геополитичко време и нестабилно опкружување.

За време на средбата, министерот Османи размени видувања со претставниците на Работната група во врска со новиот момент во односите на државата со ЕУ и преминувањето на Северна Македонија во преговарачката фаза и за подготвителните активности во пресрет на одржувањето на првите состаноци со ЕУ во рамките на скрининг процесот кој е предвидено да трае до ноември идната година.

„Ваквото стратешко и одлучно позиционирање има свој социо-економски импакт, особено врз енергетскиот сектор на земјата како и секаде ширум Европа и ќе биде многу важно ЕУ конкретно да манифестира вклучување на земјите од Западен Балкан во механизмите и мерките за надминување на последиците од војната во Украина”, подвлече министерот Османи.

Истовремено, ја поздрави недвосмислената посветеност на Унијата за перспективата за членство на земјите од Западен Балкан во ЕУ и повиците за забрзување на пристапниот процес.

Османи ја реафирмира решеноста на Владата за спроведување на домашната реформска агенда во насока на поголема подготвеност и побрз напредок при поединечното преговарање на поглавјата од преговарачкиот процес.

Од страна на претставниците на ЕУ и земјите членки беше потврдено задоволството дека двете страни се наоѓаат во нова квалитативна фаза од своите односи со почетокот на преговорите и изразија увереност за посветеноста на унапредување на евро-интеграцискиот пат на Северна Македонија. Ја потцртаа и подготвеноста за финансиска помош преку ИПА фондовите и Економско – инвест

Посетата на Работната група КОЕЛА се реализира во пресрет на практичниот почеток на процесот на скринингот на ЕУ со Северна Македонија, како прва фаза во преговарачкиот процес и е прва по одлуката на Советот досиејата на Северна Македонија и Албанија да преминат во работната група надлежна за земјите кои се во преговарачки процес со ЕУ, заедно со Црна Гора и Србија. Пред одржувањето на првата Меѓувладина конференција во јули о.г. досието на Северна Македонија беше третирано во Работната група на Советот КОВЕБ (COWEB) надлежна за земјите од Западен Балкан, кои немаат отворено преговори за членство во ЕУ.

 

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...