spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаРезултати од јавниот повик за финансиска поддршка на индустријата за организација на...

Резултати од јавниот повик за финансиска поддршка на индустријата за организација на настани – 30 години независност на Северна Македонија

Листата на одобрени проекти може да ја најдете на следниот линк.

Врз основа на Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година и врз основа на петтиот пакет економски КОВИД-19 антикризни мерки, Владата на Република Северна Македонија – Генерален секретаријат објави јавен повик за финансиска поддршка за индустријата и операторите за организација на настани со задолжително ангажирање домашни изведувачи за реализација на настани на теми со кои се одбележува 30 години независност на Северна Македонија, во периодот јуни – септември 2021.

Предложените проекти ги оцени комисија составена од редот на вработените во Владата, а при оценувањето на содржинскиот дел од пријавите, членовите на комисијата се водеа од квалитативните оценки на стручни во областа на организација и продукција на содржини од јавен интерес кои беа вклучени во процесот на евалуација.

При евалуацијата на пристигнатите 101 апликации, 53 беа оценувани во следна фаза, а за останатите беше констатирано дека немаат уредна и потполна документација или дека не ги исполниле основните правила за аплицирање. Од 53 оценувани предлог проекти, со одлука на Владата на Северна Македонија одобрени се средства за 37 проекти за организација на јавни настани во периодот јуни – септември, за што Владата обезбеди 61.499.421 денари.

Сите правни субјекти кои поднесоа свои предлог проекти на јавниот повик ќе бидат писмено известени за одлуката на комисијата по однос на нивната пријава преку емаил во рок од 7 (седум) дена од денот на објава на листата на одобрени проекти.

Листата на одобрени проекти може да ја најдете на следниот линк.

Извор: Влада

Прочитајте

МЕТ: Министерот Дурмиши дел од „Зајакнување на идните генерации: Улогата...

0
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, учествуваше на еднодневната конференција, насловена „Зајакнување на идните генерации: Улогата на економското образование во одржливиот развој“, што...