Почитувани
Без никаква дилема, наставата со физичко присуство е најдобрата и најефективна форма во која треба да се реализира воспитно – образовниот процес на учениците. Онлајн наставата во изминатиот период не даде задоволителни резултати во Македонија. Изминатите неколку години воглавно поради пандемијата и други разни причини, како што е новата Концепција за основно образование се направија бројни промени во образованието на штета на учениците и наставниците. Поради тоа доста беше експериментирање со нашите деца.
Ако Владата има пари за нови автомобили во време на криза, за скапи прослави на рамковни договори, скапи, безпотребни патувања и за слични нелогичности тогаш мора да има пари и за непречено работење на училиштата, со затоплување и се’ друго што е неопходно. Во спротивно, трошокот за струјата, оди на семејствата. При онлајн настава родителите ќе плаќаат за вклучени компјутери, таблети, греалки во детските соби…
Поради тоа и предлагам на Владата:1. Да ги покачи блок дотациите на општините.2. Училиштара од индустриска струја да ги префрли на тарифа како за домаќунствата.3. Да одреди, според временските прилики, неколку дополнителни пократки распусти, со обврзно продолжување на училишната година во месец јуни. 4. Да не прави никакви интервенции во наставните програми (скратување).5. Секаде каде што е можно да воведе настава во една смена или да го повлече почетокот на втората смена порано.6. Како антикризна мерка да ги спречи коалициските партнери, кои ја држат централната власт и дел од локалните самоуправи, да копаат криптовалути во училиштата и другите институции и установи.
Така трошоците ќе бидат помали, а струјата ќе се реалоцира за тоа што навистина треба.Ја потсетувам Владата дека оваа година заради високите цени на струјата, парното и другите видови огрев, одреден број на семејства нема да можат да си дозволат целодневно греење. Поради огромната инфлација, тие нема да можат да си дозволат ни таблети, лаптопи, фотокопии, а некои деца може да останат и без оброк.
Ја потсетувам Владата дека е нејзина и само нејзина обврска да обезбеди непречено образование на учениците.Ако не е способна тоа да го стори, нека си иди, има кој може.
Извор: ВМРО ДПМНЕ