Во просториите на Министерството за правда се одржа средба на државниот секретар, Мухамед Точи и директорот на Управата за извршување на санкции, Марјан Спасовски со Амбасадорката на Пакистан во Софија, Мариам Мадиха Афтаб.
На средбата се дискутираше за државјаните на Пакистан кои се наоѓаат во нашата држава и условите во кои се сместени во казнено – поправните установи.
Извор: Министерство за правда