spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Дијалози за дигиталната агенда – „Целосно дигитални јавни услуги“

МИОА: Дијалози за дигиталната агенда – „Целосно дигитални јавни услуги“

Во Тирана, заедно со министерката за стандарди на услугите во Албанија, г-ѓа Милва Економи, министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити беше дел од панелот за дискусија каде што се разговараше за дигиталните јавни услуги.

Овој панел беше организиран во рамките на ICEDA (Increasing Civic Engagement for the Digital Agenda), на кој се разговараше за предизвиците, ризиците и плановите со цел обезбедување на квалитетни и функционални дигитални услуги кои заштедуваат време и го олеснуваат животот на граѓаните.

Министерот Алити ја истакна посветеноста на МИОА и важноста од размена на практики меѓу земјите од регионот, за да се биде што поблиску до потребите на граѓаните.

 

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте