Заменик министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, г-ѓа Фатмире Исаки оствари средба со директорот на Естонскиот центар за меѓународен развој ЕСТДЕВ, г-ѓа Кадри Масик и раководителот на Стратегијата за источно партнерство, г-ѓа Ева Мариа Лимец во истоимениот центар.
На средбата беше нагласено задоволството од досегашниот развој на билатералните односи со Република Естонија иреафирмација на заложбите во претстојниот период да продолжи развојот на соработката меѓу двете земји.
Во фокус на разговорот беше актуелната соработка со Центарот кој го имплементира Проектот за дигитализацијаво Република Северна Македонија преку имплементирањенамодернорешениезае-владеење, финансиран од Естонија и САД, како резултат на потпишаниот Меморандум за соработка изминатата година.
Директорот на естонскиот центар ја реафирмира подготвеноста за продолжување соработката и продлабочување на истата во сферата на дигитализацијата со цел јакнење на капацитетите на македонските институти и општеството.
Заблагодарувајќи се на естонската поддршка на нашиот евро-интегративен пат, заменик министерот Исаки порача дека Северна Македонија останува посветена на реформските процеси во насока на постигнување што е можно повисоко на подготвеност за пристапните преговори со ЕУ.
Воедно, беа разменети мислења и за актуелни теми од меѓународните односи, состојбите во Украина и претстојното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ следната година.
Извор: Министерство за надворешни работи