На 30.09.2022 годна, Државната комисија за спречување на корупцијата, предводена од претседателката Билјана Ивановска одржа средба со Амбасадорот на Република Италија во Република Северна Македонија Андреа Силвестри и Првиот секретар Марио Де Роза.
На средбата стана збор за студиска посета на делегацијата на Државната комисија за спречување на корупцијата на Република Италија, реализирана во месец јули 2022 година на иницијатива на италијанската амбасада. Домаќин на делегацијата на Државната комисија беше АНАК (Антикорупциска агенција на Италија), а беа остварени средби и со други италијански институции кои работат на полето на спречување на корупцијата. Претседателката Ивановска се заблагодари на Амбасадата за соработката во подготовката на студиската посета, која се покажа како многу корисна за разбирање на механизмите, процедурите и италијанското законодавство на ова поле.
Амбасадорот Силвестри, од своја страна, изрази задоволство што оваа соработка е успешно завршена, изразувајќи надеж дека познавањето на италијанското искуство во оваа насока може да биде корисно за унапредување на практиките и законодавството на Република Северна Македонија.
Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата