Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2020 година, во Република Северна Македонија биле платени даноци за животната средина во износ од 12 633.2 милиони денари, што е за 7.9 % помалку отколку во 2019 година. Најголемо намалување бележат даноците за загадување во секторот Рударство и вадење на камен. Во 2020 година, најголемо учество во даноците за животната средина имаат даноците за енергенти со 67.3 %, по што следат даноците за транспорт со 31.7 % и даноците за загадување со 1.0 %.
Учеството на даноците за животна средина во бруто-домашниот производ во 2020 година е 1.9 % и е непроменето во однос на 2019 година.
Извор: Државен завод за статистика