spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Отворена изложбата „Современи екосистеми – потрага помеѓу уметноста и екологијата...

МЖСПП: Отворена изложбата „Современи екосистеми – потрага помеѓу уметноста и екологијата во Северна Македонија“

Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска, денеска, учествуваше на отворањето на изложбата  „Современи екосистеми– потрага помеѓу уметноста и екологијата во Северна Македонија“ на италијанските уметници  Антонио Масаруто и Роберто Геци. Истата се одржува по повод италијанскиот ден на современата уметност (8 октомври) и  претставува еден вид на современ и уникатен спој на уметност и екологија.

Изложбата е во организација на Амбасадата на Италија во Скопје и Италијанскиот институт за култура во Белград, во соработка со Музејот за современата уметност во Скопје, со поддршка од Министерство за култура и Министерство за животна средина и просторно планирање, а во соработка и со Националниот парк Шар Планина, планинарскиот клуб „Љуботен“ и Македонското еколошко друштво.

Уметничките дела ќе бидат изложени до 26 октомври 2022 година.

На отварањето обраќања имаа и амбасадорот на Италија, Н.Е. Андреа Силвестри и претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

МЕП: Размена на искуства и предизвици на патот кон ЕУ во...

0
Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денеска беше домаќин на дипломатска делегација на Турција во рамките на состанокот за споделување искуства во процесот на...