Претседателката на Советот на Општина Охрид, Живка Ангелоска присуствуваше на официјалниот почеток на финалната планирачка конференција во рамки на подготовките за вежбата „Северна Македонија 2021“ што во организација на НАТО Евроатлантскиот центар за координација на одговор при катастрофи (ЕАДРЦЦ) ќе се одржи во септември годинава на подрачјето на Охрид и Струга.
Во подготовките и Финалната планирачка конференција учествуваат претставници на повеќе институции од Системот за управување со кризи и членови на НАТО главниот планирачки тим. Вежбата предвидува во неа да бидат вклучени: елементарна природна непогода, организиран криминал, нелегална миграција, компјутерски криминал и сајбер напади, лажни вести, спасување и укажување на помош на граѓаните при епидемија со вирус, кои претставуваат одлична основа за развивање на капацитети и способности за соодветно спротивставување, сузбивање на овие криминални дејствија и преземање на конкретни мерки и активности.
Извор: Општина Охрид