spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Поддршка од САД за развој на капацитетите за управување со јавните...

МФ: Поддршка од САД за развој на капацитетите за управување со јавните финансии и сузбивање на сивата економија

Канцеларијата за техничка помош на Трезорот на САД (ОТА) е подготвена да го поддржи развојот на капацитетите за управување со јавните финансии, како и борбата против сивата економија и политиките за спречување перење пари.

 

Ова беше дискутирано на средбата помеѓу министерот за финансии, Фатмир Бесими и заменик-помошникот на секретарот за техничка поддршка во Трезорот на САД, Вилијам Лари Мекдоналд во Вашингтон.

Министерот Бесими истакна дека изминативе години Владата на РС Македонија активно работеше на мерки и планови за намалување на неформалната економија, во чиишто рамки е и Акцискиот план за сузбивање на сивата економија, изработен од страна на Министерството за финансии. Дополнително, новиот Закон за буџети е клучна реформа што се спроведува во јавните финансии со цел да обезбеди рамка за водење здрава, предвидлива и одржлива фискална политика. Техничката помош од САД во овие активности би била од клучно значење.

Воедно на средбата се разговараше и за можностите за продлабочување на економската соработка и за реализацијата на нови проекти во соработка со УСАИД и Амбасадата на САД во земјава.

Двете страни се согласија дека во моментов приоритетно е справувањето со енергетската и ценовната криза со истовремено одржување на макроекономската стабилност, а во таа насока е новиот пакет-мерки што го донесе Владата.

Во рамки на Годишните состаноци на ММФ и Светска банка, министерот Бесими ќе оствари средби со извршниот директор на Светска банка, Кун Давидсе, потпретседателката на Светска банка, Ана Бјерде, со извршниот директор на ММФ, Пол Хилберс, како и со директорот на Одделот за Европа на ММФ, Алфред Камер.

 

 

 

 

Извор: Министерство за финансии 

Прочитајте

МЖСПП: Швајцарија ќе ја поддржи Северна Македонија во управување, користење и...

0
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски и...