spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаПоглавје 8 - Политика на конкуренција

Поглавје 8 – Политика на конкуренција

На четвртиот ден од објаснувачкиот скрининг за Кластер 2- Внатрешен пазар, во Брисел продолжија презентациите на Европската комисија во однос на Поглавје 8- Политика на конкуренција.

Конкурентската политика на Европската Унија има за цел создавање внатрешен пазар, каде што економските оператори слободно конкурираат меѓу себе. Законодавството во оваа област ги вклучува конкуренцијата, политиките на контрола на државната помош.

Ова поглавје опфаќа правила и процедури за борба против антиконкурентното однесување од страна на комерцијалните компании, избегнување на монополи во пазарот,
разгледувањето на спојувања помеѓу компаниите и економските ентитети како и да се спречуваат владите да ги фаворизираат компаниите од нивните земји штетејќи ја фер и лојалната конкуренцијата на внатрешниот пазар на Европската Унија.

Северна Македонија ги почитува обврските од Поглавје 4 од Спогодбата за стабилизација и асоцијација преку усогласување и транспонирање во нашето законодавство на сите основни правила на Политиката за конкуренција на Европската Унија.

Комисијата за заштита на конкуренцијата е независно тело кое активно работи на имплементацијата на легислативата во овој област и во многу случаи дејствува создавајќи импресивно портфолио на преземени активности.

Европската комисија го претстави новиот пакет на регулативи и директиви во однос на спојување компании, антимонополски како и на државната помош, кои нашата земја ќе треба да ги усвои и спроведе во текот на преговарачкиот процес со Европската унија.

 

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...