spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаОбјаснувачки скрининг на Северна Македонија во Брисел - Право на интелектуална сопственост...

Објаснувачки скрининг на Северна Македонија во Брисел – Право на интелектуална сопственост и Право за трговски друштва

Со интензивната агенда на објаснувачкиот скрининг која продолжува во Брисел, попладневната сесија беше проследена со презентации за Поглавјето 6 и 7 – Право за трговски друштва и Интелектуална сопственост од Кластер 2 – Внатрешен пазар.

Компаниите кои ги почитуваат правата на интелектуална сопственост имаат повисоки приходи на единствениот европски пазар. Преку реалната примена на законодавството за интелектуална сопственост ќе се овозможи производство на иновативни и креативни производи, како и заштита на правото на интелектуална сопственост.

ЕУ ги презентираше измените во европското законодавство поврзано со заштитата на интелектуалната сопственост, со посебен акцент на директивите и регулативите за авторските права и правото на индустриска сопственост.

„Северна Македонија веќе има усогласено дел од националното законодавство со Европската Унија поврзано со ова поглавје. Се подготвува предлог-закон за индустриско право и предлог-законот за изменување и дополнување на законот за авторски права кој е во владина процедура.“ – изјави заменик-главниот преговарач за Северна Македонија, г-ѓа Дрита Абдиу-Халили.

Подготвена е Националната стратегија за интелектуална сопственост 2022-2026 година и истата се консултира меѓу владините органи, министерствата и одговорните институции.
Наменската електронска мрежа за размена на податоци меѓу институциите во Системот за интелектуални права (СДИ) е во завршна фаза и се тестира.

Што се однесува за Поглавје 6 – Право за трговски друштва кое претставува едно од најважните поглавја што го регулира единствениот пазар на Европската унија и во исто време промовира транспарентна законска регулатива за компаниите и спречува злоупотреби на пазарот.
Единствениот пазар на ЕУ се состои со повеќе од 23 милиони ентитети (компании) и потенцијален пазар од 445 милиони потрошувачи.

Дигитализацијата на услугите останува приоритет за ЕУ, затоа Европската Унија го пушти во употреба BRIS – Систем за интерконекција на бизнис регистри кој обезбедува пристап до информации за компаниите од ЕУ и преку оваа електронска платформа компаниите можат меѓу себе да комуницираат брзо и безбедно.

Северна Македонија спроведе низа реформи, со посебен фокус на поттикнување на ефикасноста и конкуренцијата, унапредување на прекуграничната соработка помеѓу компаниите, како и усогласување на законот за трговски друштва и корпоративно управување согласно директивите и регулативите на Европската Унија.

Министерството за финансии подготви нов закон за ревизија, кој е усогласен со директивите и регулативите на Европската унија и истиот наскоро ќе биде одобрен во собраниска процедура.

Новиот закон за финансиски сметководствени услуги усвоен во август 2022 година е целосно усогласен и прилагоден на директивите со ЕУ.

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...