spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаВнатрешен пазар – Слободно движење на капиталот

Внатрешен пазар – Слободно движење на капиталот

Продолжуваме со објаснувачките скрининг состаноци со Европската комисија. Денеска во работната агенда во Брисел започнавме со објаснувачката анализа за вториот кластер – Внатрешен пазар, со посебен акцент на поглавјето 4 – Слободно движење на капиталот.

Слободното движење на капиталот претставува еден од основните столбови на Европската унија заедно со движењето на стоки, луѓе и услуги. Вклучува широк опсег на политики кои обезбедуваат поголем просперитет, економска благосостојба, нови работни места и слободно движење на капиталот.

Слободното движење на капиталот е основата на слободниот пазар на ЕУ. Европската комисија денеска претстави делови од новата ЕУ легислатива во однос на борбата против перењето пари и финансирањето на тероризмот. Исто така беа претставени и новите предлози на законодавството на ЕУ во однос на системите за брзо плаќање кои се во функција на слободното движење на капиталот.

Дрита Абдиу-Халили – Државен секретар во Секретаријатот за европски прашања и заменик главен преговарач на Северна Македонија со Европската Унија, истакна дека нашата земја има направено низа промени во однос на усогласување на националното законодавство со ЕУ во областа на Слободно движење на капиталот.

Подготвени сме и да ги слушнеме искуствата и советите на Европската комисија за начинот како ние како земја можеме подобро да ги исполниме барањата за успешна интеграција кон единствениот пазар на Европската Унија.

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте