spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАХВ: ЕК и годинава со висока оценка за напредокот на АХВ во...

АХВ: ЕК и годинава со висока оценка за напредокот на АХВ во евроинтеграциите

Европската комисија (EK) и даде висока оцена на Агенцијата за храна и ветеринарство за постигнатото ниво на подготвеност во евро – интеграциските процеси за надлежностите кои ги има во Поглавјето 12 – Безбедност на храната, ветеринарна и фитосанитарна политика за периодот јуни 2021- јуни 2022 година, вбројувајќи ја меѓу институциите во државава кои добија највисока оцена.

Комисијата го потврди доброто ниво на усогласеност на националните политики од областа на безбедноста на храната и благосостојбата на животните. Хигиенските правила на ЕУ за производство на храна според Европската Комисија обезбедуваат високо ниво на безбедност на храната. Земјава, оценува Комисијата, има добро ниво на подготовка во областа на безбедноста на храната и ветеринарната политика.

Постигнат е одреден напредок, особено во подобрувањето на здравствената заштита кај болестите на животните. За наредната година државата, препорачува Комисијата, треба да спроведе понатамошно усогласување на законодавството за официјални контроли со новото законодавство на ЕУ за оваа област, а се препорачува и зајакнување на капацитетите за анализа на податоци во Агенцијата за храна и ветеринарство.

За општите правила за безбедност на храната, Северна Македонија, оценува ЕК, подготви измени на Законот за безбедност на храна усогласен со ЕУ acquis за официјални контроли. Националниот систем за брзо предупредување за храна и храна за животни, како и системите за внатрешна ревизија и обука на Агенцијата се оперативни. Во однос на работењето на АХВ, Комисијата во Извештајот за напредокот оценува дека Агенцијата ја врши својата работа во согласност со стандардите за управување со квалитет. Во однос на заштитата на потрошувачите, позитивна е оценката дека нашата институција има преземено мерки за заштита на потрошувачките права преку решавање на жалбите на потрошувачите.

За ветеринарната политика, оценува Комисијата, имплементирачката легислатива за благосостојба на животните за време на колење е усогласена со правото на ЕУ. Преку системот за контрола на увозот, Агенцијата за храна и ветеринарство обезбедува редовно ажурирање на заштитните мерки на увозот и барањата за увоз на живи животни и производи од животинско потекло. Во однос на здравјето на животните исто така е нотиран напредок за АХВ, во делот на усогласување на националното законодавство со новото законодавство на ЕУ.

Исто така, постигнат е напредок во мерките за контрола на болестите кај животните, но, останува забелешката за идентификуваните слабости кои се однесуваат на собирање на податоци, верификација и анализа на податоците. Комисијата оценува и дека Агенцијата спроведува програми за надзор за Класична свинска чума, Африканска свинска чума, болеста Чвореста кожа, Беснило и болестите кај акватичните животни, но, треба да се подобри собирањето, верификацијата и анализата на податоци. Агенцијата, оценува ЕК во Извештајот, продолжи со спроведување на програмата за мониторинг на антимикробна отпорност. Националната програма за мониторинг за 2022 година за контрола на резидуи од ветеринарно – медицински препарати и контаминенти кај живи животни и храна од животинско потекло е во согласност со ЕУ acquis во однос на говедата, овците/козите, свињите, живината, аквакултурата, млекото, јајцата, дивечот и медот.

 

Агенцијата продолжи со спроведување на акционен план за благосостојбата на животните.

Постигнат е одреден напредок во ставањето во промет на храната, храната за животни и нуспроизводите од животинско потекло со усвојување на секундарното законодавството,  со цел усогласување со правото на ЕУ. Ревидираниот Закон за нуспроизводи од животинско потекло се уште не е донесен, оценува Комисијата, додека Правилникот за максималните нивоа на пестициди во или на храната од растително и животинско потекло е донесен.

Оценка на Комисијата е дека  е постигнат одреден напредок и во однос на правилата за безбедност на храната. Законодавството, потврдува ЕК беше усогласено со ЕУ acquis во однос на адитивите во храната, материјалите кои доаѓаат во контакт со храната и максималните нивоа за одредени контаминенти во прехранбените производи.

Агенцијата продолжи со спроведување на Програмата за мониторинг на безбедноста на храната, но, податоците треба дополнително да се анализираат
-оценува Европската Комисија.

Во однос на специфичните правила за храна за животни, законодавството е усогласено со европското поврзано со адитивите за храна за животни, а Агенцијата спроведува програма за мониторинг на нејзината безбедност.

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...