spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: Сребро и бронза за македонските кикбоксери

АМС: Сребро и бронза за македонските кикбоксери

Македонската кикбокс репрезентација со две медали се врати од ВАКО Светското кикбокс првенство за деца, кадети и јуниори што се одржа во Лидо Ди Јесоло, Италија.

Репрезентацијата предводена од претседателот на Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија, Дејан Митровски и тренерот на репрезентацијата – Драган Атанасовски, составена од пет натпреварувачи: Јадранка Темелкова, Марија Димовска, Нелсон Узеир, Силвио Мировски и Панче Витанов, по серија победи и порази, во борба со светската младинска кикбокс елита успеа да освои две медали – сребо од Нелсон Узеир во – KL -89 J M и бронза од Јадранка Темелкова во LK -56 YJ F.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски им додели благодарници на младите кикбоксери, посакувајќи им повторување на остварувањата и во сениорска конкуренција.

 

 

 

Извор: Агенција за млади и спорт 

Прочитајте